mken+ 389 (0)2 3 233 733
·
info@gicev.com.mk
·
Mon - Fri 09:00-17:00
Контактирајте не

ГРАДЕЖНО ПРАВО

ГРАДЕЖНО ПРАВО

Нашата канцеларија ги советува сите сектори на градежната индустрија, вклучувајќи сопственици, инвеститори, изведувачи, подизведувачи и архитекти. Ние имаме искуство и сеопфатно познавање на индустријата за да го разбереме целиот процес на градење и разни сложени проблеми со кои може да се сретнат широк спектар на градежни проекти, што ни овозможува да работиме проактивно со клиентите за да им помогнеме да избегнат одредени скапи проблеми и воедно да се ограничи ризикот.

 

Дел од нашите услуги поврзани со градежништвото вклучуваат:

 

  • изготвување на договори и водење на преговори помеѓу заинтересирани страни, вклучително договори за инвеститори, договори за изведувачи, договори за подизведувачи и сите видови на договори;
  • водење на спорови во градежништвото, вклучително постапки што се однесуваат на побарувања од договори споровите за гаранцијата, побарувањата за изведба;
  • недвижнини: нашата канцеларија има искуство за поврзување на најразлични клиенти, вклучувајќи сопственици на станбени куќи, сопственици на комерцијални објекти, станари, инвеститори, позајмувачи и деловни активности во стекнувањето, употреба, развој, изградба, финансирање, продажба или закуп на недвижен имот.