mken+ 389 (0)2 3 233 733
·
info@gicev.com.mk
·
Mon - Fri 09:00-17:00
Контактирајте не

ТРГОВСКО ПРАВО И КОРПОРАТИВНО ПРАВО

ТРГОВСКО ПРАВО И КОРПОРАТИВНО ПРАВО

Искуството и праксата стекнати при спроведените голем број на национални и прекугранични деловни трансакции и овозможува на нашата канцеларија да биде доверлив водич на клиентите при склучување на комерцијални договори, корпоративното управување, општи консултации, заеднички вложувања, партнерства и реструктуирање. Нашето разбирање за бизнисот на нашите клиенти и нашите постапки за контрола на квалитет ни помагаат да го испорачаме вистинскиот совет во секое време. Дел од нашите услуги во овој домен вклучуваат:

  • консултантски услуги за домашни и странски правни лица;
  • уписи на основање и статусни промени на трговски друштва и трговци – поединци во Централниот регистар на Република Македонија;
  • спојување и преземање на друштва;
  • правна поддршка во деловното работење;
  • финансиско и даночно право;
  • банкарско право;
  • концесии;
  • градежништво;
  • конкурентско право;
  • странски инвестиции;
  • правен due diligence, односно анализа на закони и прописи во врска со области кои се однесуваат на интересите на нашите клиенти и нивните трансакции;
  • правна помош од областа на јавните набавки
  • правна помош од областа на стечајот.